Во Македонија, засега Пехчево е со најмал број на заразени со новиот вирус, вкупно 27 активни, а од почетокот на епидемијата досега во овој град се регистрирани 94 случаи.
Меѓу градови со под 100 активни случаи е и Македонски Брод со 34 активни случаи и 145 досега регистрирани. Следува Валандово со 64 активни случаи и 177 регистрирани, Крушево 107, активни 69, Кратово 142, активни 77, Берово 312, активни 82, Дебар 421, активни 86.
Во Гевгелија досега се регистрирани 638 случаи, активни се 218 (45 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 115 на Богданци и 12 се странски државјани).
За разлика од овие мали градови, Скопје, Куманово, Прилеп и Тетово се на врвот.
Во главниот град има 9854, а во Куманово има 922 активни случаи. Прилеп 998, Тетово 979, Битола има активни 808 случаи, а меѓу оние со повисоки бројки е и Гостивар со 710 активни случаи.