Возачите од Пехчево добија сопствени регистарски таблички. Сите новорегистрирани автомобили, наместо досегашната ознака „БЕ“ отсега ќе имаат сопствената ознака „ПЕ“ испишана на латиница (PE).
Одлуката е донесена согласно со правилникот за регистрациски и нивни ознаки и е објавена во Службен весник. Тоа значи дека ознаката ПЕ (PE) отсега ќе биде единствената при регистрирање на возилата на граѓаните кои потекнуваат од пехчевскиот регион – изјави градоначалникот на Пехчево, Драган Тренчовски.
За добивање регистарски таблички со новата ознака општината ги упати граѓаните во пехчевската полиција, каде што детално ќе им биде образложена процедурата.
Пехчево е последната општина од Пијанечко-малешевскиот регион која досега немаше сопствена регистарска ознака. Претходно, нови регистерски табли со ознаката МК добија жителите на општина Македонска Каменица.