Во моментов во САД се празни амбасадата во Вашингтон и мисијата во ОН, а празна е и амбасадата во Брисел, додека по неколку месеци без амбасадор ќе биде и мисијата во ЕУ. Париз, кој станува најголем кочничар за Македонија во ЕУ со години нема видено амбасадор на Македонија, бидејќи тоа место му беше оставено на ДУИ.
Во тек се и подготовките за прием во НАТО, а амбасадорот Васко Наумовски е повикан на вечни консултации во Скопје од страна на новиот министер за надворешни работи, а не може да биде заменет додека не му истече мандатот на таа функција.
Во моментов, според податоците од Министерството за надворешни работи, од вкупно 50 амбасади и мисии во светот дури во 30 нема амбасадор да ја врши функцијата, што е невидена дипломатска хаварија за државава. Празни се амбасадите во Белград, Берн, Брисел, Букурешт, Варшава, Доха, Загреб, Каиро, Канбера, Копенхаген, Лондон, Љубљана, Мадрид, Њу Делхи, Осло, Пекинг, Подгорица, Прага, Рим, Сараево, Стокхолм, Талион, Тел Авив, Тирана, Хаг, Вашингтон, како и мисиите во ОН, во ОБСЕ и во Об3единетите нации во Женева. Во некои од нив нема ниту вршител на должност, како во Италија, а таа земја го бутка најсилно барањето за отворање мигрантски кампови во Албанија и во Македонија.