Македонија 26. февруари 2020. / 22:17

Павле Богоевски: Со Законот за ЈО не ја носи потребната реформа

Павле Богоевски: Со Законот за ЈО не ја носи потребната реформа

Поранешниот пратеник Павле Богоевски призна дека се донесе Закон за јавно обвинителство кој не одговара на она што и е потребно на Македонија за реформи во правосудството.

– Далеку од тоа дека Законот за Јавно обвинителство е совршен и дека со него е спроведена потребната реформа. Но беше неопходно тој да биде донесен пред изборите. Она што е битно е дека со тој закон се овозможи континуитет на започнатите предмети на Специјалното јавно обвинителство, и фактот што се донесе закон според кој обвинителите не ги бираат политичарите, туку се бираат од страна на обвинителската фела – рече Богоевски на гостувањето во 24 Анализа.

Тој нагласи дека она што не му се допаѓа кај овој закон што тој процес за избор на нови обвинители е затворен за професорска фела и експертите.