Македонија 11. февруари 2020. / 10:56

Пауза на рочиштето за „Рекет“ – Во судот ќе дојде лекар за да го прегледа Боки

Пауза на рочиштето за „Рекет“ – Во судот ќе дојде лекар за да го прегледа Боки

Судијката Масевска даде половина час пауза на судењето за случајот „Рекет“, затоа што адвокатот на обвинетиот Бојан Јовановски побара лекар да дојде во судот и да го прегледа неговиот клиент.

Адвокатот Сашо Дукоски напомена дека денеска немало лекар во затворот за да го прегледа Јовановски.

Тој на остар тон разговараше со судијката која, сепак се согласи да се изврши преглед без да каже од каков доктор.