Македонија 08. May 2019. / 15:50

Патот е трасиран, падот на СДСМ започна!

Патот е трасиран, падот на СДСМ започна!

Изборите во недела беа значаен показател дека граѓаните избраа промени. Кај огромно мнозинство од народот постои желба власта која изминативе две години и приредува само порази на државата да си замине. ВМРО-ДПМНЕ, успеа сама со коалицијата да освои скоро 380 илјади гласови и со тоа покажавме дека имаме раст од 40 илјади гласови во однос на локалните избори, додека од другата страна сите политички партии во Македонија, СДСМ, ДУИ, ДПА, ВМРО НП, ДОМ и уште триесетина партии освоија само 430 илјади гласови.

Доколку од овие гласови ги одземеме гласовите на ДУИ и ДПА, кои на парламентарни избори настапуваат засебно доаѓаме до бројка од 320 илјади гласа за СДСМ што е за 40 илјади помалку од ВМРО-ДПМНЕ. На парламентарни избори тоа ќе бидат минимум 5 пратеника разлика во сегашни услови.

Доколку во предвид ја земеме реалната слика во државата, растечкиот криминал, непотизмот, корупцијата, партизираните институции, политизираното судство, фактори кои го тиштат граѓанинот може со сигурност да претпоставиме дека ВМРО-ДПМНЕ го јава бранот на победата, за разлика од СДСМ каде поддршката од сега па натаму само ќе опаѓа.

Резултатот за наредните избори е повеќе од очигледен. ВМРО-ДПМНЕ е победникот кој ќе ја составува идната влада. Но само од граѓаните зависи колку од сегашната претпоставена разлика од 5 пратеника во корист на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде разлика од 10-12 пратеници. Стравот на овие избори е победен.

Токму затоа никој веќе не смее да се правда себе си и неговото неделување со страв. Оваа недемократска власт може да биде симната со активно и организирано делување под водство на ВМРО-ДПМНЕ. Сите демократски и патриотски елементи кои сакаат државата да се развива во правилна насока треба да застанат заедно со ВМРО—ДПМНЕ, и само така победата ќе биде уште поубедлива и само така ќе може државата да напредува.

Тука пред се мислам на оние граѓани кои ги бојкотираа овие избори од патриотски побуди, но и оние кои можеби од различни причини гласале за Пендаровски.
Сите знаеме дека со СДСМ Македонија неможе да оди напред. Две години покажаа дека незнаат кај тераат.

Време е да бидат сменети. Немаме време за губење. Македонија не смее да помине низ уште една мрачна епизода на стагнација. Им должиме просперитет, како на тие што ја создадоа оваа земја со надеж во нас, така и на неродените генерации кои допрва идат.

Светислав Васев