Македонија 20. ноември 2019. / 14:32

Партијата Левица поднесе тужба против Џабир Дерала

Партијата Левица поднесе тужба против Џабир Дерала

Партијата Левица со соопштение за тужбата која ја поднеле против Џабир Дерала. Соопштението ви го пренесуваме во целост.

„Свесни сме дека медиумската слобода во држава каде постои социјална беда и класна раслоеност во комбинација со корумпирана и криминална владејачка елита, единствено се исполнува во слобода да се поткупи медиум, слобода да се поткупи автор, слобода да се купи мислењето на јавноста и истото да се обликува во корист на владејачката класа.

Оттука, жал ни е што Цивил Медиа е во заложништво на човек како Џабир Дерала. Дерала, надвор од било каква медиумска етичност и одговорност, злоупотребувајќи го медиумскиот простор и финансиските капацитети на Цивил Медиа, тој ги користи за правење постојана црна кампања и ширење на лажни вести против Левица и нејзиното членство.

Впрочем, Дерала не е ниту комерцијален новинар, туку тој е НГО-аш и апологет на Власта. ПР-машинеријата на владејачката партија Дерала го користи како обичен инструмент во рацете на својата пропагандна машинерија, па како компензација за ваквите негови услуги, дури и му обезбедува бранител (адвокат) кој во исто време е и бранител на премиерот Заев. Во оваа прилика, јавно ги повикуваме ЗНМ да го оцени случајот, а Цивил Медиа и Уредувачкиот колегиум да се огради и заштити од тенденциите за оцрнување, злонамера и лажното клеветење во написите на нивниот главен уредник Дерала.“, пишува во соопштението на Левица.