Се брише обврската ДИК да врши монторинг на порталите во изборна кампања, со предложените измени за Изборниот законик. Како што образложи еден од предлагачите, пратеникот Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ, ДИК немаат услови и техничка можност да го прават тоа.
Смета дека треба да се најде начин како да се допрецизира за да се внесе и тоа во регулативата. Допрецизирање се предлага и во делот на исплатата на средства од Буџетот за платено политичко рекламирање.
Пратениците едногласно одлучија измените на законот да се донесат по скратена постапка.