По повод одбележувањето на Меѓународниот ден на човековите права, денеска, во Собранието ќе биде основана и промовирана Интерпартиската парламентарна група за правата на ЛГБТИ лицата.
Во рамките на оваа група ќе членуваат пратеници од постоечкиот собраниски состав од различни политички партии.
По промоцијата на ИПГП на ЛГБТИ лицата, прес-конфереција ќе одржат пратеничката Маја Морачанин и пратениците од иницијативата за основање и промовирање на групата заедно со претставниците на невладините организации.