Македонија 07. мај 2019. / 11:14

Папата Франциск претпладнево во Спомен куќата на Мајка Тереза имаше средба со лидерите на верските заедници

Папата Франциск претпладнево во Спомен куќата на Мајка Тереза имаше средба со лидерите на верските заедници

Папата Франциск претпладнево во Спомен куќата на Мајка Тереза имаше средба со лидерите на верските заедници во земјава и со претставници на граѓани од ранливите категории.

На средбата со папата присуствуваа поглаварот на МПЦ ОА г.г. Стефан и поглаварите на Исламската верска заедница Сулејман Ефенди Реџепи, на Евангелско-методистичката црква Михаил Цеков и на Еврејската заедница Берта Романо Николиќ.

Претходно, папата со наведната глава се помоли пред споменикот на Мајка Тереза и положи цвеќе. Тој беше придружуван од четири чесни сестри, кои и припаѓаат на редот што го основа Мајка Тереза.

Папата по пристигнувањето во Скопје утрово имаше средба со државниот врв и дипломатскиот кор во „Вила Водно“.

Поглаварот на Римокатоличката црква на плоштадот „Македонија“ ќе отслужи миса на која се очекува да присуствуваат голем број граѓани од државава и околните земји од регионот.