Македонија 04. мај 2019. / 14:15

Папата Франциск до граѓаните на Македонија: Најубавите мозаици се тие што имаат многу бои

Папата Франциск до граѓаните на Македонија: Најубавите мозаици се тие што имаат многу бои

Папата Франциск непосредно пред неговата Апостолска посета на Македонија на 7-ми мај во Скопје, испрати порака до сите граѓани на нашата земја.

Откако вашата земја стана независна, Светиот Престол сакаше со вас да воспостави пријателски и дипломатски односи. Денес, повеќе од кога било, има потреба и во Европа, и во целиот свет, да се развива култура на излегување во пресрет, култура на братство, и јас ќе дојдам меѓу вас, да го посеам ова семе. Сигурен сум дека вашата земја е добра, дека ќе го прими ова семе и ќе добие плодови, стои во пораката.

Посебната убавина на вашата земја, нагласува Папата Франциск, се должи на различните култури, етникуми и религии што живеат во неа. Секако дека соживотот не е секогаш лесен, го знаеме тоа, посочува, но вреди да се вложи тој напор, бидејќи најубавите мозаици се тие што имаат многу бои, вели Папата Франциск.

Во пораката нагласува дека неговата посета ја посветува и на една голема светица, ќерка на вашата земја, Мајка Тереза, родена и израсната во Скопје, која преку благодатта Божја, стана храбра мисионерка на Христовата милост во светот, давајќи утеха и достоинство на најсиромашните меѓу сиромашните.