Македонија 09. декември 2020. / 22:21

Пановски: Немањето протоколи нѐ стави на високото седмо место на светската листа по смртност

Пановски: Немањето протоколи нѐ стави на високото седмо место на светската листа по смртност

Можеби со 400 илјади вакцини може да е добро, ама мислам со 800 илјади би се завршила работата, рече доктор Никола Пановски на гостувањето на емисијата Само вистина што се емитува на телевизија Канал 5.

Според него треба да почекаме да дојде летото и да помине состојбата, веројатно не целосно, ама од септември следната година може да стартува се.

За претстојните празници тој вели дека сепак ќе треба да се биде само со најблиските без собирања.

-Доколку бидеме во овој период дисциплинирани мислам ќе почне да паѓа бројот на нови случаи ако остане ист број на тестови, потоа ќе се намалува број на хоспитализирани, починати и така до март да се смири кога ќе стартува вакцината, рече Пановски.

Според него немање став и протоколи не стави на високото седмо место на светската листа по број на смртност на милион жители.