Ќе ги повика ли Рускоска, инаку братучетка на главниот уредник Кабранов, „бардовите“ од 1ТВ на распит, прашува денеска политичкиот аналитичар Александар Пандов.
Пандов вели дека кога ќе помисли на 1ТВ, после Боки Тредичи, прв лик на кого му текнува е Сашо Орданоски, братот на Ванчо „иноваторот“ кој за украдена идеа зема 330.000 од буџетот, наши пари.
-Ликов во телевизијата беше сеприсутен и со убедливо најголема минутажа. Тоа му беше малку да се доискаже, па секој ден пишуваше и колумни за „Цивил“. Како лобист, ликов е над триесет години во тој бизнис, со одлични контакти и познанства со добро информирани луѓе во Македонија и надвор од неа. Одработува за странски и домашни центри и по правило против интересите на Македонија, пишува Пандов.
Тој потсетува и на фактот што Орданоски има и безбедносен сертификат, што му дава можност да разгледува и класифицирани информации, што за останатите се недостапни.
Што ќе рече не се работи за ординарна будала од типот на Саше од Шопско Рударе, туку за високо интелегентен човек, мајстор на својот занает, кој свесен за своите вештини, истите скапо и ги продава. Од исказот на вториот сведок (не е Жаре), дознаваме дека Сашо и останатите уредници му биле на копче на Тредичи, поточно му служеле како рекет алатка и тупаница. Таков садо мазо третман, оваа новинарска проститутка, сигурно скапо го наплаќала. Тој добро знаел дека „ергелата“ која ја поседувал Боки во неговата 1ТВ, за вршење притисоци, закани и рекет, кошта минимум дупло, од пријавените 50 кила еура месечен влез во телевизијата или во превод знаел дека останатите пари доаѓале од рекет. Еве ќе се согласам дека останатите новинарски „бардови“ биле мутави и наивни, па дозволиле без нивно знаење црни рекет пари Боки да им бута у џеб. Ама Сашо не е мутав, а уште помалку наивен, пишува Пандов.
Пандов потсетува и дека Орданоски до последно ја бранеше Катица со Фатиме, дека таа била незаменлива.
-Лично кај него во емисија Христијан Мицкоски му кажа дека постојат сомневања дека во неговата телевизија се добиваат пари во плик! Го испита ли тој тоа тврдење? Не ли се разбуди кај него неговата новинарска љубопитност да го испита сомневањето на лидерот на опозицијата? Или и на пачките со пари кога ги добивал биле со спецификација, па пишувало и од кого се, дали од Сиљан, Жаре, Орце …. ама му чинеле паричките па од лични лукративни причини се правел будала! Еве и тие „регулар“ 50.000 што влегувале, како на Сашо не му падна чудно што синот на Катица од позиција на маркетинг директор прави договори баш со фирми чии сопственици се осомничени од на мајка му СЈО-то?
Што вика истрагата на Рускоска, братучедка му на главниот уредник на 1ТВ Кабранов, кркал од Боки Тредичи црни перени рекет пари во плик Сашо Ордановски или не? На распит ќе ги повика ли ,,бардовиве” на 1ТВ?, прашува Пандов.