Македонија 28. февруари 2020. / 11:15

Панделевски бил на службено патување, не дојде на Рекет

Панделевски бил на службено патување, не дојде на Рекет

Сведокот Дејан Панделевски кој требаше денеска да сведочи во случајот Рекет не се појави. Тој беше предложен од страна на одбраната.

Судот добил известување дека тој е на службено патување откако не го нашле на домашната адреса. Поради тоа судијката денеска го одложи денешното рочиште.

Следното е закажано за во вторник кога треба да сведочи Сергеј Варошлија.