Македонија 04. март 2019. / 12:03

Панчевски: Власта ќе ги блокира сите нејзини противници на социјалните мрежи

Панчевски: Власта ќе ги блокира сите нејзини противници на социјалните мрежи

Судијата Владимир Панчевски тврди дека со помош на софистицирана опрема власта до изборите ќе ги блокира сите противници на власта на социјалните мрежи, пренесе Република.

– Од денес па во следниот период режимската власт има направено сондажа на клучните интернет точки и преку израелската опрема безбедносните служби ќе делуваат со блокажи и пад на интернет конекциите на сите корисници кои преку социјалните мрежи им се спротивставуваат на хунтата. – пишува Панчевски кој важи за жесток критичар на власта која систематски врши притисок врз правосудните органи во кои работи тој.

Дел од корисниците на социјалните мрежи, инфлуенсери но и медиуми, веќе коментираат дека имаат драстично помал број на реакции (лајкови, споделувања и шерувања) од вообичаените но не знаат дали тоа е причинето од промена на алгоритми или поради други причини за кои зборува и судијата Панчевски.