Македонија 21. февруари 2019. / 20:51

Панчевски: Судијата што го определи притворот си игра со животот на поранешните министри

Панчевски: Судијата што го определи притворот си игра со животот на поранешните министри

Поранешниот Претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски на својот Твитер профил се огласи за претепувањето на поранешните министри Миле Јанакиески и Спиро Ристовски.

Тој жестоко го осуди судијата кој ја определил мерката притвор и посочи дека си игра со животите на поранешните министри. Панчевски побара одговорност од надлежните.