Пратеникот Панче Минов од партијата ГРОМ кој се изјасни за Договорот од Преспа за време на гласањето на собраниската седница, најави напуштање на коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ.
– Ако е разрешен Митко Јанчев јас излегувам од коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ – рече тој во вечерашната емисија на 24 Анализа.
– И ќе бидам надвор од таа коалиција додека Мицкоски е претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Ќе прекинам членувањето во пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Ова се недомократски методи – додаде Минов.