Македонија 11. февруари 2020. / 09:33

Палмер и порача на ЕУ дека САД очекуваат во март да се отворат пристапните преговори со Скопје и Тирана

Палмер и порача на ЕУ дека САД очекуваат во март да се отворат пристапните преговори со Скопје и Тирана

Специјалниот американски претставник за Западен Балкан Метју Палмер изјави дека САД очекуваат од Европската унија следниот месец да ги отвори пристапните преговори со Македонија и Албанија.

Како што потенцира Палмер, неговата земја смета дека е неопходно двете земји да го продолжат европскиот пат.

Сметаме дека двете земји според постигнувањето и заслугите се квалификувани да ги почнат преговорите. Тоа би било важен сигнал што треба да се испрати до регионот – истакна Палмер за бугарскиот сервис на Радио Слободна Европа.

Палмер изрази загриженост за вклучувањето на Русија на просторот на Западен Балкан.

Според Палмер, целта на Русија е да го дестабилизира Западниот Балкан преку конфликти и воведување елементи на хаос, како и креирање раздор меѓу државите од регионот и меѓународната заедница.