Македонија 28. септември 2020. / 11:11

Падна Националната платформа за далечинско учење

Падна Националната платформа за далечинско учење

Учениците низ земјава од денеска започнаа со тестирање на Националната платформа за далечинско учење, откако претходно викендов им беа доделени лозинки со кои им е овозможен пристап.

Од Министерството за образование и наука велат дека станува збор само за моментални проблеми со поврзувањето на платформата.

„Тестирањето е дел од постапката за постигнување на целосна функционалност на платформата, и во тест фазата се детектираат и надминуваат сите предизвици. Со цел да обезбедиме потполно функционална платформа до почетокот на учебната година тестирањата продолжуваат и во наредните денови“, велат од МОН за Слободен печат.