Македонија 25. декември 2020. / 13:10

Пациентите кои прележале Ковид 19 може да одат на закрепнување во Институтот за физикална медицина и рехабилитација

Пациентите кои прележале Ковид 19 може да одат на закрепнување во Институтот за физикална медицина и рехабилитација

Институтот за физикална медицина и рехабилитација подготви оддел кој е наменет за рехабилитација на пациенти кои биле болни од ковид-19.

Заедно со специјалисти инфектолози од Клиниката за инективни болести и ГОБ „8 Септември“ Институтот веќе спроведува конзилијарни прегледи од страна на специјалисти физијатри.

Процесот на рехабилитација се спроведува согласно најновите протоколи за рехабилитација на пост-ковид пациенти од страна на тим од специјалист физијатар, специјалист интернист и физиотерапевти со долгогодишно работно искуство, кои за секој пациент пристапуваат индивидуално, согласно функционалната состојба на пациентот.