Македонија 16. јануари 2020. / 22:07

Пациенти нервозно чекаат резултати, а тонерите во поликлиниките се потрошени

Пациенти нервозно чекаат резултати, а тонерите во поликлиниките се потрошени

Во здравстен дом Скопје набавката на тонери и принтери е во тек, но кога ќе заврши засега не се знае, пишува Слободен печат.

Последниве десетина дена во скопските поликлиники, особено во лабораториите резултатите се чекаат подолго од вообичаеното бидејќи се потрошени тонерите на принтери. Поради тоа од лабораториите каде има најголема потреба за печатење на анализите од испитување на крв и урина на пациенти, се позајмуваат принтери од другите одделенија, па застој се прави на целата поликлиника. Пациентите се нервозни што мора дополнително да чекаат, додека пак здравствените работници незадоволни бидејќи не може да си ја завршат работата на наједноставен начин. Најизразен е проблемот во поликлиниките на Бит Пазар, Аеродром, Чаир.

Сабајле чекаме за да дојдеме за ред да ни земат крв, а сега еден час пак да чекаме за резултатите, цел ден треба во поликлиника да го поминеме, како да не мора да одиме на работа и да немаме други обврски. Ако немаат тонери нека си набават, нека не не малтретираат нас – вели пациент од Бит Пазар.

Вработените велат дека се снаоѓаат и се обидуваат да им излезат на пациентите во пресрет, но велат мора да се има трпение.

Целиот текст на Слободен печат можете да го прочитате ТУКА.