Македонија 27. април 2020. / 16:15

Пациент со трансплантиран бубрег успешно излекуван од корона вирус

Пациент со трансплантиран бубрег успешно излекуван од корона вирус

Само во еден случај е дијагностицирана инфекција со корона вирус кај трансплантиран пациент, кој успешно е излекуван на Клиниката за инфективни болести и е испишан дома. Во такви случаи, протоколите со имуносупресивна терапија се сосема  поинакви од вообичаеното, вели во разговор за „Плусинфо“, насловен доцент д-р Ирена Рамбабова Бушљетиќ, директорка на Универзитетската Клиника за нефрологија во Скопје.

И пред состојбата со епидемија од корона вирусот, пациентите со трансплантирани бубрези оделе на редовна имуносупресивна терапија со заштитна маска.

На Клиниката за нефрологија се лекуваат и пациентите на хемодијализа, кои заедно со оние со трансплантирани органи, припаѓаат на една од најчувствителните групи.

Пациентите на хемодијализа се едни од најчувствителните групи. Со регионалните центри за дијализа со медицинските директори изработивме упатства за третман за пациенти на хемодијализа и ги дистрибуиравме со Министерство за здравство. Сите пациенти кои имаат покачена температура пред да дојдат во центарот за дијализа или на Клиниката за нефрологија потребно е да се најават, да носат заштитна маска и да дојдат со посебен превоз, а не со организиран превоз со цел да се намали ризикот од ширење на инфекцијата. Тие пациенти се дијализираат во засебна издвоена просторија од другите пациенти сѐ до добивање на резултатот. Неколкуте инфицирани пациенти со ковид-19, се третираат во Ковид центарот во ГОБ „8. Септември“ – вели д-р Рамбабова Бушљетиќ.

Целото интервју со директорка на Универзитетската Клиника за нефрологија во Скопје може да го прочитате на „Плусинфо“.