Македонија 20. август 2020. / 16:33

Пациент држеле без кислород немале боца да му заменат – сега е на респиратор

Пациент држеле без кислород немале боца да му заменат – сега е на респиратор

Дека ситуација со коронавирусот не е стабилна колку и да се обидуваат надлежните да ги убедуваат граѓаните  во спротивното, покажува уште еден случај кој сведочи за хаосот во кој е здравствениот систем во Македонија.

Револтирана ќерка на пациент кој е хоспитализиран во болницата „8ми Септември„ на „Фејсбук“ се обрати до министерот Филипче и го праша кој ќе одговара поради тоа што нејзиниот татко завршил на респиратор поради тоа што во болницата немале доволно кислород за пациентите.

Мислам дека тука министре најбрзо ќе ме слушнете. Имам болен родител од корона сместен во 8ми Септември, прилично озбилен ама незнам како си дозволи таква болница таков пациент, цела ноќ 19.08 го држеа без кислород затоа што боцата се потрошила и немале друга да ја заменат. Фирмата не им
доставила па му кажале да си чека до утрото. Татко ми ноќеска заврши на респираторна машина, во
интензивна нег и се бори за живот со, тешко оштетување на плуќа, објаснува Марија Ѓорѓиоска Ангелеска.

 

Таа воедно и го прашува министерот Филипче кој ќе му помогне на нејзиниот татко да се опорави?

Фирмата што не доставила навреме, сестрата што не му сменила боца што не пријавила или државата што со наши пари плаќа такви неодговорни лица?

Ве молам укинете ја Хипократовата заклетва, и онака ја газат на секој чекор, завршува Ѓорѓиоска Ангелеска, во објавата.