Пишува: Ахил Големов
Се наѕира крајот на голготата на Македонија. Зоран Заев е пред свршен чин. Деновиве сме сведоци на последните уцени и злоупотреби на злото наречено СДС. Обидот за бегање од избори преку ЗЈО е само очаен потег на очаен политичар. Соочувањето со македонскиот народ е неминовно. Соочувањето со сопствените грешки, лаги и предавства е тоа од што бега Заев, а не од изборите. Нему му е јасно, како што и е јасно на меѓународната заедница, на албанскиот фактор во државата, како и на целиот македонски народ дека на 12-ти Април он ќе биде збришан. ВМРО трпеливо го насочи кон избори. Со лик како Заев поинаку не можете. Политичкиот камикази може во секој момент да се предомисли и да рече „може сум ветил, а може и не сум ветил избори“ и тука да заврши приказната со изборите. Сепак, веќе е извесно дека избори ќе има и Заев ќе замине во историјата како најнеспособниот политичар што било кога се појавил на македонската политичка сцена. Заедно со него ќе си отиде и најлицемерниот политичар. Оној кој успеа за најкраток период од сите политичари да стане антипатичен, патетичен и омразен лик. Наднепријателот Димитраки.
Како последен во низата уништувачки потези на македонската дипломатија му е испраќањето на самонаречени професионалци како амбасадори во неколку дипломатско конзуларни претставништва. Најнапред се покажа дека Димитраки го прекршил важечкиот законски пропис со предлагање на двојни државјани за амбасадори, нешто што е изрично забрането со Законот. Потоа се вадеше дека предложените „Профи“ имале дадено нотарска изјава дека немаат двојно државјанство. Па наеднаш го снема тоа смешно оправдание и „Профите“ почнаа да се откажуваат или од второто државјанство или од претпоставеното амбасадорување. Како јагода на шлагот на оваа сага дојде предлог законот за измена на постоечкиот закон за надворешни работи со кој се менува единствено еден член и тоа оној кој забранува двојно државјанство. Поголемо признание дека го прекршиле законот нема. „Профите“ очајни, министерот уште повеќе. Токму оној надмен, препотентен и арогантен министер кој е умислен дека е најголемиот дипломат кој државава некогаш го имала, се сведе на дереџе да менува еден член на ЗНР за да му учини на својот нискоинтелигентен шеф. А само пред неколку месеци устата му беше преполна со зборови како професионализам, професионална дипломатија, експерти во МНР, почититување на позитивните законски прописи на државата итн итн…
Покрај овие очајнички чекори со амбасадорските „Профи“, на Димитраки му пропадна и „професионалниот“ Предлог Закон за надворешни работи кој бомбастично беше најавуван како револуционерно дело во мак дипломатијата. Министерството за Финансии, МИОА и Секретаријатот за Законодавство го сотреа несреќниот предлог нестручност, неписменост, неусогласеност со другите акти во државата и непочитување на процедури за пишување Закони.
На неколку денови пред распишување на избори „професионалецот“ Димитраки распиша огласи за вработување во МНР. Партизација до крај, до последен ден во МНР. Нејсе, деновите му се одбројани. Прва задача на новиот министер треба да биде ревизија и казни за ова насилие, злоупотреба и беззаконие во македонската дипломатија.
Димитраки реди пораз врз пораз. Единствена „победа“ му е промената на името на Македонија… Таа „победа“ ќе му биде последната во животот. Раката почна да му се суши, мандатот како министер му е веќе пресушен. Македонија ќе го преброди ова зло.
Обновата почнува на 12-ти Април.