Тројца пациенти, кај кои беше потврдено присуство на вирусот Ковид-19, коишто подолго време се лекуваат на Инфективната клиника се оздравени од болеста и утре треба да бидат пуштени дома.
За такво нешто, ќе треба да биде негативен последниот контролен тест што ќе биде направен утре. На клиниката има уште пациент кај кого повеќе нема корона вирус, но тој има нешто полоша здравствена состојба од останатите тројца.
На Инфективна клиника се направени тестови на четворица на пациени кои пододлго време се лекуваат таму и тие тестови се негативни. Од тие четворица, тројца се во значајна добра состојба и ќе биде земен уште еден тест утре и доколку и тој тест е негативен тројцата пациенти ќе бидат спремни да се упатат на домашно лекување – информира министерот за здравство Венко Филиче.
Во изминатото деноноќие во Макледонија, заклучно со 12 часот, во Македонија се потврдени 29 нови случаи на заразени. Со тоа, вкупната бројка на заразени се искачи на 177.
Според местото на живеење заразени има Скопје, Дебар, Штип, Кавадарци, Охрид, Гиостивар, а од денеска и во Прилеп и во Велес.