Македонија 26. јуни 2020. / 15:14

Ова се правилата за работа теретаните: По секое користење дезинфекција на справите и на тушевите

Ова се правилата за работа теретаните: По секое користење дезинфекција на справите и на тушевите

Од денеска може повторно да почнат со работа теретаните и вежбалните, но притоа мора да почитуваат ригорозен протокол за вработените, посетителите и опремата.

Во Служен весник е објавен протоколот за новиот начин на работа што го пренесуваме во целост:

На видно место да се означат правила за однесување за вработените и корисниците на услугите.

Да се постави дезбариера на влез во клубот и бесконтактно мерење на температура на вработени и корисници. На лица со покачена темепратура им се забранува влез во клубот.

На почеток и на крај на работниот ден, задолжително проветрување на сите простории и дезинфекција на просториите, сите работни површини, опрема, справи и други реквизити за вежбање и задолжителна  дезинфекција на подот.

Во текот на работниот ден, колку што е можно почесто проветрување на просториите. При секој влез на вработени и корисници, да се врши задолжителна дезинфекција на раце со средство кои содржи 70% алкохол.

Сите вработени задолжително носат заштитна маска и ракавици во текот на целото работно време. Корисниците на услуги, задолжително користат сопствени пешкири и други средства за лична хигиена.

Корисниците на услуги, задолжително однапред закажуваат термин на посета на клубот.

Користењето на заедничките помошни простории, како туш кабини и соблекувални се дозволува доколку е обезбедено чистење и дезинфекција на просториите по секоја употреба.

Распоредот на опремата, справите и другите реквизити за вежбање, односно организацијата на вежбањето мора да биде на начин што ќе се одржува физичко растојание од два метра помеѓу секој корисник, односно 10 метри квадратни по корисник.

Опремата, справите и реквизитите задолжително да се дезинфицираат по секој  корисник.

Во случај да постои сомнеж некој од вработените да има респираторни симптоми (температура, кашлица и сл.) одговорното лице е должно веднаш да го отстрани лицето од просториите на клубот.

Во случај да постои сомнеж некој од корисниците да има респираторни симптоми (температура, кашлица) одговорното лице е должно веднаш да го отстарни лицето од просториите на клубот.