Македонија 05. March 2019. / 15:15

Отворен првиот Центар за јавно говорење

Отворен првиот Центар за јавно говорење

Центарот за јавно говорење нуди индивидуални, групни и корпоративни тренинг програми наменети за усовршување на јавен настап, говорнички и презентациски вештини.

Тренинг програма за:

-Стекнување на основен говорен и презентерски статус;

-Совладување на основни и напредни говорнички вештини;

-Усовршување на изговор, ритам и гестикулација;

-Координација на невербална комуникација;

-Совладување на трема и страв од јавен настап;

-Стекнување на говорен стил и имиџ;

Едукативната програма е наменета за:

-директори на компании;

– менаџери за продажба и маркетинг ;

– сопственици на мали, средни и големи претпријатија ;

– студенти;

– лица кои сакаат да ги унапредат говорничките вештини ;

– лица кои имаат страв и трема од јавен настап;

– лица кои настапуваат на радио и телевизиски емисии ;

– лица кои сакаат да го унапредат деловното и медиумското влијание ;

Тренинг програмите ги води Марија Димишкова.

Родена е 1989 година во Скопје. По професија е дипломиран новинар, а од 2014 година е  магистер по односи со јавност.

Во 2006 година е избрана за најдобар оратор средношколец на град Скопје, признание од УСАИД. Во 2009 година е прогласена за најдобар оратор на Ораторските вечери “Иво Пухан” на Правниот факултет  “Јустинијан први” во Скопје. Во 2013 година е прогласена за прв добитник на специјалната награда “Бранко Ѓорчев”, за најдобар сценски настап.

Димишкова е наратор на документарни филмови, а нејзиниот глас е позајмен за голем број телевизиски и радио реклами.  Има работено како тренер за јавно говорење на повеќе проекти од областа на говорништво, меѓу кои “Вештини на јавно говорење”, “Јазични бариери во комуницирањето”, “Победете го стравот од јавен говор”.