Македонија 30. јули 2019. / 11:22

Отворен новиот Ургентен центар во Куманово

Отворен новиот Ургентен центар во Куманово

Околу 200 илјади жители од кумановскиот регион добија нов Ургентен центар. Речиси половина Влада со премиерот беа на отворањето на објектот, објави Сител.

Тој е целосно опремен и овде според директорката на кумановската болница, пациентите ќе добиваат хируршки, ортопедски и анестезеолошки третман. На едно место ќе има тријажа и дневна болница, а министерот за здравство најави и набавка на апарат за компјутерска томографија.

Надлежните велат дека со новите вработувања за 10 проценти е зголемен кадарот, а биле доделени и 12 специјализации на лекари.