Македонија 05. октомври 2020. / 09:13

Отворање на границите со Србија, Црна Гора, Косово и Албанија без PCR тест, предлага Комисијата за заразни болести

Отворање на границите со Србија, Црна Гора, Косово и Албанија без PCR тест, предлага Комисијата за заразни болести

Министерството за здравство ја информира јавноста дека утрово, Комисијата за заразни болести донесе предлог одлука за отворање на границите со Србија, Црна Гора, Косово и Албанија без PCR тестирање.

Според анализите, во моментов нема индикација, односно нема висок број на импортирани случаи во земјава со ковид-19 од овие земји. Согласно тоа, нема ризик и безбедно е отворањето на границите.

Во Европската Унија сите граници на движење се без PCR тестирање.

Предлог одлуката ќе биде доставена до Владата на Република С. Македонија.