Македонија

Отпишувањето на камати за долгови пред пратениците

Отпишувањето на камати за долгови пред пратениците

Во Собранието на Македонија денеска ќе заседава Комисијата за финансирање и буџет.

Комисијата ќе расправа по предлог  законот за отпишување камати за наплата на долгови кои произлегуваат од услуги од вршители на комунални дејности, телефонија, мобилни и кабловски оператори, одржување заеднички простории, наводнување и одводнување на земјоделско земјиште, во второ читање.

Предлогот е поднесен од група пратеници и е единствена точка на дневниот ред на денешната седница на Комисијата.