Македонија 26. март 2020. / 16:48

Отпадот на лицата во карантин да се фрла во вреќи за еднократна употреба наполнети до две третини од капацитетот

Отпадот на лицата во карантин да се фрла во вреќи за еднократна употреба наполнети до две третини од капацитетот

Личниот отпад (како хартиени марамчиња, крпи за чистење за еднократна употреба, маски или ракавици) треба да се одлагаат безбедно во вреќи за отпад за еднократна употреба. Вреќите треба да се наполнети најмногу до две третини од нивниот капацитет, спакувани во втора вреќа и убаво затворени.

На тој начин се безбедни за одлагање во вообичаениот контејнер за отпадоци од домаќинството, додека другиот отпад од домаќинствата се отстранува на вообичаен начин, препорачуваат од Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП).

Министерството ги објави препораките за управување со отпад за лицата кои се во карантин или самоизолација со сомнителен случај во домот.

Од Министерството укажуваат дека е потребно носење на заштитна опрема на комуналните работиници, односно сите собирачи на отпад и применување на претходно изнесената процедура за отстранување на заштитната опрема од страна на сите лица кои ја користат во рамки на своето работење.