Македонија 30. јануари 2020. / 10:16

Откако Боки 13 ја обвини за криминал од 4 милиони евра, Рускоска оздраве и се појави на „Рекет“

Откако Боки 13 ја обвини за криминал од 4 милиони евра, Рускоска оздраве и се појави на „Рекет“

Обвинителката Вилма Рускоска се појави на денешното рочиште на случајот „Рекет“. Таа отсуствуваше од последните неколку рочишта наводно поради болест.

Нејзиното доаѓање следува еден ден откако Бојан Јовановски објави дека поседува несоборливи докази за криминал вреден четири милиони евра во кој, според неговите сознанија, била вмешана и Рускоска.

За денеска на рочиштето не се предвидени сведоци туку ќе се изведуваат материјални докази.