Министерството за финансии и Министерството за економија хакирани од грчки хакер, се крадат податоци, беа дел од насловите на порталите кои тврдеа дека овие две министерства се под хакерски напад.
И навистина, на твитер постои таков профил, на анонимно лице, кое тврди дека ги хакирал двете министерства. Објавени се и неколку имиња и нивни емаил адреси. Но, ресорниот министер Крешник Бектеши вели дека нема место за паника, бидејќи мејловите што излегоа во некои портали се стари. Тој денеска изјави дека не е направена никаква штета, и дека се работи за дата база која била користена пред седум-осум години.
Повеќето од овие вработени, веќе не работат во Министерството за економија. Се работи за стара дата база, која била користена пред седум-осум години. Оттогаш дата базата е обновена и нејзината сигурност е перфектна – изјави Бектеши.