Македонија 09. февруари 2020. / 16:05

Освен потврдените четири нема нови случаи на Македонци заразени со корона вирус

Освен потврдените четири нема нови случаи на Македонци заразени со корона вирус

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, информира дека досега нема информации за други случаи на македонски државјани поврзани со корона вирусот, освен тие тројца што се наоѓаат на крузер во Јапонија, како и македонската државјанка што се наоѓа во карантин во Франција.

Ние преку нашата амбасада во Токио дневно се обидуваме од јапонски власти да добиеме конкретни информации. Целиот брод е во карантин и до овој момент немам свежи информации за нова состојба – соопшти шефот на дипломатијата.