Пратениците од опозицијата кои го овозможија отворањето на Уставот ќе гласаат воздржано за трите амандмани на Владата, најави на денешната собраниска седница пратеникот Зеќир Рамчиловиќ.
–Ние осум пратеници кои овозможивме отворање на Уставот со цел интеграција на Македонија во ЕУ и НАТО, ќе гласаме воздржано во поглед на трите амандмани со цел да оставиме простор за јавна дебата за предлози. Потврда дека сите треба да се вклучат во овој процес е прифаќање на нашиот амандман со кој се гарантира македонскиот идентитет – рече Рамчиловиќ за четвртиот амандман и ги повика пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да го поддржат овој амандман.
-Нашиот воздржан глас за трите амандмани е и потсетување дека процесот на уставните измени е врзан со процесот на простување и помирување. Со нашиот глас за отворање на Уставот се отвори дебата во која учестуваа и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ со што потврдија дека е потребна дебата – додаде тој.