Македонија 14. мај 2020. / 16:19

Осум пациенти со Ковид-19 се лекуваат во кумановската болница

Осум пациенти со Ковид-19 се лекуваат во кумановската болница

На Инфективното одделние во Кумановската болница хоспитализирани се 8 болни од коронавирус, објави САКАМДАКАЖАМ. Според началникот на оддлението Азиз Бајрами, пациентите се во стабилна здравствена состојба, освен една пациентка која е на кислородна поддршка.

Директорката на Кумановската болница Снежана Захариева вели дека последната недела постои тренд на опаѓање на хоспитализирани пациенти на Одделението за инфективна нега и бројот не преминува преку 10, а во екот на пандемијата имало и повеќе од 35 само на едно од одделенијата.

„Во моментот имаме 8 пациенти, од кои двајца се позитивни, а другите шестмина се негативни, меѓутоа лежат затоа што им е продолжена терапијата до целосно оздравување. Некои имаат услови да бидат пуштени дома, но сепак ќе почекаме да ја видиме клиничката слика и лабораториските резултати“, вели Захариева.

Таа додаде дека сите здравствени работници кои биле позитивни на коронавирус се оздравени и вратени на работа, сите оддели се екипирани и чекаат насоки од Министерството за здравство да ги отворат амбулантите за пациентите.

Целиот текст може да го прочитате на следниот ЛИНК.