Во кичевската болница, осум медицински лица се позитивни на Ковид-19, пренесе ТВ21.
Заразени се две медицински сестри, 4 специјалисти и 2 лекари. Последните денови во Кичево има од 15 до 30 заразени дневно.
Градската болница во Кичево нема инфективно одделение, ниту инфектолог, ниту ковид центар каде се лекуваат позитивните. Во моментов здравствениот дом во Кичево се справува со заразените.
Во Кичево бројот на заразени од почетокот на пандемијата изнесува 594, а бројот на активни случаи е 189.