Осуденик кој изминатиот викенд користел отсуство од затворот се врати заразен со Ковид-19, пишува порталот Аваз.мк
Затвореникот вчера кај затворскиот лекар пријавил симптоми на корона, веднаш бил пренесен во импровизираниот дел предвиден за изолација каде биле повикани лекари од ЦЈЗ, кои му земале брис за испитување.
Според извори на Аваз, утринава стигна потврда дека примерокот земен од затвореникот е позитивен на Ковид-19.
Во затворот Идризово во моментот на издржување на казна се наоѓаат околу 1.500 лица.
Минатата недела под притисок на затворениците управата донесе одлука да дозволи користење на викенд отсуство на околу триста затвореници, без однапред да донесе протоколи за превенција од внесување на заразата во затворот.дри