Македонија 17. јуни 2020. / 15:24

Осудениците од „Идризово“ на бојкот: Три месеци им се ускратени посети од семејствата

Осудениците од „Идризово“ на бојкот: Три месеци им се ускратени посети од семејствата

Осудениците кои се на отслужување на казната во КПУ Идризово од утринава одбиваат послушност.

Причина за бојкотот е тоа што поради изговор заради избори, пандемијата, па пак избори, затворениците веќе три месеци на осудените лица им се забранети посетите од семејствата како и користење на други погодности, викенд отсуства, слободни саати, работно ангажирање во фирми, годишни одмори итн, објави „аваз.мк“.

Осудените лица кои се здобиле со третман и се сместени во полуотворено и отворено оделение денес одбија послушност кон чуварите на затворот. Тие изразија револт кон незаинтересираноста на управата на затворот да изнајде и понуди решенија со разни изговори дека “така е кажано од погоре” и дека они не можеле да сторат ништо, пишува порталот.