Македонија 26. февруари 2019. / 15:14

Оставката на Котевски ќе се разгледува по изборите

Оставката на Котевски ќе се разгледува по изборите

Оставката на директорот на истражниот затвор во Шуто Оризари, Ѓоко Котевски ќе биде разгледувана по завршувањето на претседателските избори во мај, соопшти владата.

– Со оглед на тоа што оставката е поднесена во период откако се објавени претседателските избори, истата ќе се разгледува после завршување на изборите, штом заврши забраната за разрешување и именување согласно Изборниот законик. – велат од „Илинденска“.

Котевски вчера до владата ги доставил оставката и извештајот во врска со инцидентите во кои беа нападнати поранешните министри, Спиро Ристовски и Миле Јанакиески. Извештајот за инцитентот, како што рече, го доставил и до Министерството за правда и до Управата за извршување санкции

Котевски посочи дека првично биле покренати дисциплински постапки за 11 лица во затворот „Скопје“, кај кои биле утврдени пропусти во постапувањето и додаде дека оваа бројка не е конечна.