Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ Македонија е пријавено дека бројот на позитивни и суспектни пациенти кои се лекуваат изнесува 824.
По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 73 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19.
Состојбата по градовите е следната:
Во болницата во Штип се хоспитализирани 56 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 42 пациенти, во Велес се лекуваат 67 болни, а во Куманово 108 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 110 пациенти, во Прилеп 107, во ковид центарот во Гостивар 48, а во Струга 31 болен. Во болницата во Струмица лежат 89 пациенти, во Кочани 25, во Кичево 18, Кавадарци 40, а во Гевгелија 10 лица позитивни на корона вирусот.
Бројките се менуваат од час во час, како што стигнуваат податоците од направените приеми и исписи на пациенти.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.298 а преостанати се околу 130 празни болнички кревети во ковид центрите.
Во текот на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.