Македонија 23. јуни 2020. / 11:56

Османи: Време е да се отворат границите без ограничувања

Османи: Време е да се отворат границите без ограничувања

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи на неговиот Фејсбук профил порача дека е време да се отвораат границите без никакви ограничувања.

Време е да ги отвориме аеродромите и границите без ограничувања!“, напиша Османи.

Можноста за целосно отворање на границите без сегашните услови, односно задолжителен ПЦР тест и самоизолација ќе биде тема на разговор со Комисијата за заразни болести, по што ќе се донесе соодветна одлука.

Владата на вчерашната седница го прифати предлогот на Комисијата за заразни болести за враќање во нормала на организираниот превоз на патници од и во подрачјето на општина Тетово.