Македонија 05. февруари 2021. / 20:02

Османи: Во интерес на сите нас е да имаме попис

Османи: Во интерес на сите нас е да имаме попис

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во гостувањето во ТВ 24, посочи дека комбинираниот модел за попис е избран за поголема доверба и за вкрстена проверка на електронските бази со физичките посети на граѓаните.

-Мислам дека е во интерес на сите нас да имаме попис, и да направиме се што треба, за тој попис да биде успешен, односно да бидат резултатите такви какви што се, да има прецизна рефлексија на демократската реалност со сите карактеристики и атрибути и тие да бидат прифатени, односно секој да им верува. Бидејќи е многу важно во мултиетничко општество граѓаните и заедниците да веруваат во тие резултати, рече вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Како што посочи, овој процес е сензитивен со сериозни последици по државата доколку во него се нема доверба или пак доколку е лажиран.

Затоа, како што наведе, не треба апсолутно да се плашиме да ги имплементираме сите механизми кои ќе гарантираат вистинитост на разултатите, квалитет на резултатите и доверба на граѓаните кон резултатите.

– Постојат неколку форми на попис. Постои традиционален попис во кој што одите со празен лист по домовите и ги потпишувате граѓаните, постои целосно електронски попис во кој воопшто не одите по домовите туку со едно копче на тастатура ќе ви се вкрстат сите податоци и постои комбиниран модел во кој што како основа ги зема електорнските бази и само ги проверувате дополнително со посета на домовите на граѓаните. Ние го избравме овој комбиниран модел за поголема доверба и за вкрстена проверка на електронските бази со физичките посети на граѓаните, рече Османи.

Според него, нормално е пописот да има улога за дефинирање и на политиките, но како што рече, кај нас и политиката се дефинира од пописот, и затоа тоа го прави посензитивен процесот.

– Кај нас оваа прашање се гледа со скепса и со тоа кој ќе сноси одговорност ако не успее пописот. Мислам дека е во интерес на сите да имаме попис, и треба да правиме се за тој попис биде успешен, резултатите да бидат такви какви што се, да има прецизна рефлексија на демократската реалност со сите карактеристики и атрибути и тие да бидат прифатени односно секој да им верува, додаде Османи.