Македонија 05. февруари 2021. / 19:13

Османи: Важно е во мултиетничко општество, граѓаните да веруваат во резултатите

Османи: Важно е во мултиетничко општество, граѓаните да веруваат во резултатите

Министерот за надворешни работи Бујар Османи во емисијата Трилинг во врска со пописот објасни дека важно е во мултиетничко општество, граѓаните да веруваат во резултатите.

-Постојат неколку вида на пописи, традиционален во кој се оди со празен лист во домовите и се попишуваат граѓаните и електронски во кој не се оди по домови, туку со еден клик ќе се вкрстат сите податоци.Ние избравме комбиниран модел за поголема доверба и вкрстена проверка на податоците, кај нас и политиката се дефинира од пописот. Овој процес е сензитивен со сериозни последици по државата доколку во него се нема доверба или се лажира.Затоа, сите механизми кои ќе гарантираат правичност и вистинитост на резултатите и доверба на граѓаните кон резултатите, не треба да се плашиме да ги имплементираме, изјави Османи.

Доколку пропадне пописот, министерот рече дека е во интерес на сите е да имаме успешен попис. Важно е во мултиетничко општество, граѓаните да веруваат во резултатите.