Македонија 14. декември 2019. / 19:03

Османи: Со една изборна единица Албанците губат десет пратеници

Османи: Со една изборна единица Албанците губат десет пратеници

Вицепремиерот Бујар Османи денеска зборуваше за измените на Изборниот законик во Македонија. Според него, со една изборна единица ДУИ добива два пратеника повеќе, но така губат Албанците.

Вистина е дека една изборна единица повеќе му одговара на ДУИ, затоа што математиката вели дека ДУИ како најголема албанска партија може да земе два пратеника повеќе со една изборна единица отколку со шест, но ќе се намали бројот на албански пратеници, од осум до 10 пратеника. Па сега вие оценете дали е подобро ДУИ да добие два пратеника повеќе или Албанците да загубат осум или 10 пратеници, изјави Османи.

Инаку во четвртокот од пратеничката група на ДУИ поднесоа речиси 5.000 амандмани на предлог–измените на Изборниот законик.