Македонија 02. март 2020. / 21:04

Османи: Се движиме во правилна насока тоа го покажува извештајот на ЕК

Османи: Се движиме во правилна насока тоа го покажува извештајот на ЕК

Според вицепремиерот Бујар Османи, извештајот ја покажува довербата на ЕК за нашата потготвеност и потврда за сработеното, односно дека земјава се движи во правилна насока.

Објавувањето на денешниот извештај за напредокот, покажува дека довербата на Европската Комисија за нашата подготвеност не само што ја задржавме, туку и ја зголемивме, што е од исклучителна важност не само за нас, туку и за земјите – членки, а претставува и потврда за нашата работа и вистински показател дека земјава се движи во правилна насока, додаде Османи.