Македонија 11. јуни 2020. / 19:00

Османи: Oслободувањето од два, три часа за празникот не е причина за зголемениот број новозаразени

Османи: Oслободувањето од два, три часа за празникот не е причина за зголемениот број новозаразени

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, изрази несогласување со Претседателот на Комисијата за заразни болести, Д-р Жарко Караџоски, кој истакна дека сегашната состојба на драстично зголемени бројки на новозаболени лица од Ковид-19 е резултат на скратениот полициски час од страна на Кризниот штаб.

Одговарајќи на новинарско прашање Османи изјави дека причината била непочитување на мерките.

По однос на причините не треба да шпекулираме, за тоа треба научни студии. Сите коментари се штетни затоа што ја насочуваат темата кон етнизирање и стигматизирање на луѓето. Јас кажав дека ако нешто ни покажа колку сме исти и слични е пандемијата. Вториот бран не се случува само во одредени зони, туку насекаде во државата, каде што не се почитуваат препораките за заштита. Пример Чаир е најгусто населена општина во Европа.

Погрешен е пристапот да се насочи темата кон куртулорошка припадност на луѓето. Мојот став е дека никој не може да ги заштити нашите домови освен ние самите. Сите стратегии да се спуштат на микро таргетирање на предизвиците, вонземирен сум од новите бројки и тоа во густо населена општина што захтева поголеми мерки, за да се детектираат предизвиците. Не се согласувам дека ослободувањето од два, три часа за празникот е причина, причина е непочитување на препораките за несобирање, не носење маски и не одрживање на лична хигиена – изјави Османи.