По повод почнувањето на рамазанските пости, вицепремиерот Бујар Османи, порача дека од вечерва почнува една од најзначајните обврски што на верниците им помага да се одвојат од овоземските предизвици и да се посветат на внатрешната духовна светост.
Ова е период кога секој од нас треба да се сврти кон себе, кон своите најблиски, фамилијата и кон бога за да го почувствуваме единството и еднаквоства пред бога, кое што ни го овозможува овој месец преку постот, избегнувањето на лошите навики и гревови – истакнува Османи.
Тој додава дека денес, кога сите сме соочени со длабока криза, предизвикана од една од најголемите пандеми во историјата19, токму во изградбата на нашиот внатрешен духовен мир се наоѓа и одговорот на оваа сегашна закана.
Седете дома, бидете со своите најблиски, посветете се на себе, на фамилијата, на бога и со тоа помогнете си најмногу на себе, на своите најбилиски, но и на сите нас – да создадеме вистинско колективно единство. Нека ни е честит и благословен месецот Рамазан – порачува Османи.