Кандидатот за градоначалник на Липково од СДСМ, Хади Османи, реагира на веста дека Ѓерг Дедај е назначен за амбасадор на Косово во Република Македонија.
„Во мултиетничка и рамноправна држава за сите граѓани, нема место за фашистите како Ѓерѓ Дедај. Мојата загриженост ќе му ја пренесам и на премиерот Зоран Заев и ќе побарам од него да не прифати амбасадор кој ги навредува заедниците што живеат во Македонија. Тој е фашист, расист, исламофоб … Тој е разрешен од функцијата за фашизам, не прифаќаме ѓубриња“, пишува Хади Османи од СДСМ, кандидат за градоначалник на Липково од СДСМ.