Вицепремиерот Бујар Османи очекува позитивна динамика во однос на членството на Македонија во ЕУ, но сепак е внимателен во однос на ветувањата или спомнувањето на конкретни датуми. Османи во емисијата “200“ на Алсат рече дека земјата е подготвена да ја прифати новата методологија предложена од Франција, но само ако со неа се предвидува полноправно членство.
Во емисијата Османи зборуваше и за можните коалиции на ДУИ, но кажа дека најверојатно нема да има предизборна коалиција со СДСМ. Османи одговори и на обвинувањата на опозицијата и јавноста на сметка на нивните функционери за корупција.
Кого преферирате за можни идни коалиции, идни партнери?
Јас мислам дека секој од нас, секоја политичка партија прво треба излезе пред граѓаните да ја добие довербата од граѓаните, а потоа да се разговара за коалиции, изјави Османи.
Дали ова значи дека сте отворени и за ВМРО-ДПМНЕ и за СДСМ?
Јас мислам дека граѓаните треба да одлучат кој ќе биде во Владата. Ја исклучувам можноста за коалиција со СДСМ, ние имаме соработка…, нагласи Османи.
Значи ја исклучувате можноста пред изборите, да речете сега, да, нашиот иден партнер ќе биде СДСМ.
Сметаме дека се уште имаме теми за кои…јас сум против концептот на де-етнизирање на албанската политичка сцена во Македонија, односно не албанска, туку било која политичка сцена да се де-етнизира…, истакна Османи.
Не ја исклучувате СДСМ но не ја исклучувате ниту ВМРО-ДПМНЕ за коалиционен партнер?
Мислам дека граѓаните треба да одлучат кој ќе биде нивен претставник, иако со СДСМ имаме добра соработка во овие три години“, рече Османи.